Пандов: Поставување личeн бодигард за директор на БЈБ, ова ли е по ЕУ и НАТО стандарди?

Аналитичарот реагира на информациите во медиумите дека новиот директор на Бирото за јавна бзбедност ќе биде уменуван во среда на владина седница, и оти станува збор за личност од личното партиско обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев, инаку познат по потегнување на пиштол во текот на упадот на граѓаните во Собранието по нелегалното изгласување на Талат Џафери за претседател на парламентот.

Поставувањето на личниот бодигард за директор на БЈБ, само во диктатура ваква вест може да е дел од “нормалното” живеење. Еве на кратко си дозволив да си замислам како ќе реагираше цела таа невладино-граџански структура, да ВМРО и Груевски го поставеа шефот на обезбедувањето на премиерот Урко, за директор на јавна безбедност. Исто како што тоа сега го направи СДС и Заев! Или ова е по ЕУ и НАТО стандарди?, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил откако  излезе информација дека за нов директор на БЈБ ќе биде поставен поранешниот бодигард на Оливер Спасовски, Сашо Тасевски.