петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 8

Пандов: Праќаме силна порака до внатрешните и надворешните непријатели на Македонија

gdom

Поврзани вести

Од собирот на ГДОМ, Александар Пандов порача дека трета вечер граѓаните се собираат за да и дадат поддршка на Македонија и на демократските процеси. Тој додаде дека преку собирот се испраќа силен сигнал и на внатрешните и на надворешните непријатели дека Македонецот е свесен и знае кој што му посакува добро а кој лошо и знае да направи разлика за тоа кои работи се во интерес на Македонија а кои против Македонците.

Трета вечер по ред покажувам пример не само во Македонија, Балканот туку на светот како во ваква политичка состојба еден народ знае да се собере во олкав број и на мирен позитивен начин со песна и убави пораки да даде поддршка и да порака дека ние сакаме по мирен и демократски начин да се реши кризата, додаде тој.

-За среќа има и луѓе на функции кои истото го сакаат. По 2 дена на неизвесниот еден ден позитивна информација дека конечно се распишани избори за 5. јуни и дека конечно мандатот и суверенитетот ќе биде вратен и ние преку најдемократски начин со пенкало во рака на 5. јуни ќе излеземе и ќе покажеме која е желбата на Македонецот, а тоа е патот на просперитетот,сигурност, нови работни места, болници училишта…рече Пандов.

По говорот, десетината илјади граѓани, како и вчера со песна мирно се упатија кон штабот на СДСМ.

Најчитани вести