Пандов: Протестираа СОРОС, СДСМ, ЛГБТ, но не и студенти

Политичкиот аналитичар Александар Пандов во дневникот на МРТ истакна дека денес протестирале платениците на СОРОС, професори-активисти на СДСМ, членови на ЛГБТ заедницата и најмалку студенти.

-На минатиот протест имаше голем број слики и видеа каде го гледам Бранко Героски како предводник на протестот, наместо некој студент да биде предводник. Голем фактор е што законот за високо образование не ги засега овие студенти. Така да, мотивот за тие да протестираат може единствено да биде ако земале пари од СОРОС или ако се партиски активисти. Студент кој учи и сака да си го заврши својот факултет, овој закон не го допира на ниту еден начин, рече Пандов.

Тој ја искоментира и реториката од денешниот протест, која беше политичка.  Тие најавија уште една политичка пролет во декември.

-Тие безмалку најавуваат секоја година во декември политичка пролет, а никако да ја видиме. Неможе да зборуваат на друг начин, ако се платени да го зборува тоа. Неможе да користи друг вокабулар. Ако ги отвориме порталите блиски до опозицијата, Плусинфо и Либертас, ќе видиме како Герсоки и Кабранов истото го зборуваат ден за ден. Јас воопшто не сум изненаден за тоа. Ако се надоврземе на тоа, не постојат сега студентски барања, нема што да бараат. Овие студенти кои се сега активни нив законот не ги засега, рече Пандов.

Тој вели дека ќе има осипување на масовноста на протестите и тврди дека секој студент кој има цел да се стекне со знаење треба да се радува што се носи овој закон.

Целото гостување на Александар Пандов во МРТ, погледнете го во продолжение.