Пандов: Сите вакви политички кризи завршуваат со пенкало в рака

Граѓаните оправдано се загрижени за политичката состојба во Македонија и можеби токму тоа беше главното гориво коешто ги натера на синоќешниот семакедонски голем собир да излезат во онолкав број колку што излегоа, рече во разговор за Телевизија Нова аналитичарот Александар Пандов.

Тој рече и дека секој што е патриот и ѝ мисли добро на државата излезот од моменталната криза го гледа во изборите на 5 јуни.

Она што нѐ учи и историјата е токму тоа, дека сите вакви политички, воени кризи завршувале на крајот со пенкало во рака. Прво со политички договори коишто ние ги имаме, а тоа е Пржинскиот договор, а подоцна граѓаните си го земаат суверенитетот повторно назад и го предаваат на оние народни избраници за коишто мислат дека најдобро ќе ги претставуваат, изјави Пандов.