Пандов: Скајп комуникацијата покажа кој стои позади Заев

По вчера објавената скајп комуникација на Зоран Верушевски и осомничениот оперативец од ДБК јасно е кој стои зад прислушувањето и „бомбите“ на Заев, вели за Пулт на радио Слободна Макеоднија политичкиот аналитичар Александар Пандов.

„Ако досега постоеше и најмала дилема кој стои зад прислушувањето, сега е веќе јасно дека се работи за странска држава. Тоа го видовме од комуникацијата која беше објавена. Увидовме дека тие луѓе пресметано знаеле што точно ќе се случува со објавувањето на дел од тие разговори. Ние слушнавме како тие најотворено говорат за граѓанска војна и тоа не на национална основа туку војна на Македонци против Македонци. Тие говорат и за некаков чадор под кој се подразбира поголема странска разузнавачка служба која треба да ги заштити. Сега веќе на секого му е појасно за какви луѓе се работи“, вели Пандов за РСМ.

Пандов очекува наредните денови Заев во некое свое интервју да излезе со објаснување за овие информации од истрагата.

„Со нетрпение очекуваме да видиме како Заев ќе го објасни ова. Веројатно како и претходно кога тврдеше дека не го познава верушевски па потоа призна дека комуницирале и дека сакал да му купи автомобил, или кога ја призна комуникацијата преку шифри, така и сега Заев ќе се заплетка. Очекувам на крајот да го видиме Заев како плаче и како вели дека тој не бил свесен дека позади оваа игра стојат интереси на странска држава“, вели аналитичарот Пандов.

Тој се надева на правна разврска во транспарентна судска постапка која ќе ја набљудува и меѓународната заедница а по која ќе бидат потребни итни промени во раководството на СДСМ.