Пандов: Соросовиот табор понесен од стравот од избори, објавува лаги и шпекулации

Натписите во медиумите финансирани од СОРОС во врска со средбата на политичките лидери со еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел се лага која се пласира во насока на уривање на можен договор поради страв од избори. Според експерите опозициските медиуми свесно шират лаги поради стравот од избори, а во насока на уривање на разговорите во Брисел, пишува порталот „Курир“.

Аналитичарот Александар Пандов во изјава за „Курир“ вели дека ваквите наслови во соросовите медиуми ќе се покажат како невистинити, со што повторно ќе се докаже, како што вели, нивната платеничка пропаганда насочена кон уривање на разговорите во Брисел.

-Серијата на соросовиот табор понесен од бранот на страв кој го имаат во себе од изборите кои треба да се одржат во април 2016 година и уште повеќе свесни за исходот на тие избори, објавуваат грст лаги и невистини за кои тврдам дека се шпекулации. Ваквите нивни објави се во насока на залажување на својата публика, а се користат со истите методи како Заев, па во рок од еден ден, неколку пати го менуваат ставот. Нивните последни наслови уште вечерва најдоцна утре ќе се покажат како невистинити, а со тоа по кој знае кој пат ќе се докаже дека соросовите портали се платеничка пропаганда на Милчин, Ордановски, Геровски и Фрчковски, вели Пандов за „Курир“.

Тој смета дека ваквото однесување на опозциските медиуми всушност значи запечатување на политичката кариера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-И досега бевме сведоци на ниско ниво на политичко однесување од страна на Заев, а како работите доаѓаат кон крајот станува јасно дека тој не е лидер на СДСМ, туку дека раководењето на опозицијата е од страна на јавачите на апокалипсата Милчин, Ордановски, Геровски и Фрчковски. Со ваквото инфалтилно водење на опозицијата, односно СДСМ, мислам дека овие четворица ќе бидат гробарите на политичката кариера на Заев, додава Пандов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.