Пандов: Во разговорите кои СДСМ досега ги има објавено, не сме слушнале криминал

Во прислушуваните разговори кои СДСМ досега ги имаа објавено не сме слушнале криминал, посочи аналитичарот Александар Пандов во емисијата „Јади бурек“.

-Да имаше некоја незаконска работа СДСМ до сега ќе поднесеше кривини пријава за нешто, а тие поднесуваат само за прислушкувањето. Еве Латас најотворено зборува за тоа дека делумно раговорите се точни, и кога се слушаат разговорите може да слушнете милиони за ова за она, но тука нема ништо. Груевски на една прес-конференција посочи дека после правната разрешница ќе има и институционална разрешница, и секој ако има некаде одговорност да си ја пднесе. А прислушкувани разговори во светска пракса не се земаат за сериозен доказен материјал, посочи Пандов.

Тој доаде дека доколку Заев беше уапсен веднаш откако ги најави бомбите, ќе излезел како маченик, кој сакал да ја сподели „вистината за Македонија“  но не успеал.

-Ќе излезеше дека некој сакал да го спречи во тоа, а сега луѓето слушнаа тоа што имаше да го слушнат и тој сега ќе одговара за повеќе незаконски дела кои ги има направено, за оддавање на државна тајна, за поткуп. Тој е свесен во која кал е упаднат и дека нема каде назад, и сега гледа што повеќе луѓе да повлече со себе во калта, и сега ја компромитира неговата партија, истакна Пандов во емсијата „Јади бурек“.