Македонија

Пандов: За „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни

Пандов: За „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни

Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни. Потоа да се вметне и во кривичниот закон, за да се демотивира секој оној кој во иднина ќе помисли да направи ваков упад.

Ова го истакна аналитичарот Александар Пандов во гостувањето на Сител 3.

– Ние сме нападнати. Македонија реално е под напад од странска служба која направила се за да ја дестабилизира нашата држава. Во земјава тие кои стојат позади целава оваа работа час поскоро да завршат во затвор. Верувам дека тоа за месец дена ќе заврши, рече Пандов.

Тој истакна дека целата работа очекува да заврши многу брзо, обвинетите да завршат во затвор, а опозицијата да се врати во Собрание откако Заев и Шекеринска ќе бидат заменети од СДСМ.

-На луѓето им е дојдено преку глава. Два ипол месеци Заев ја силува македонската јавност. Што му е идејата на Заев? Гледа дека ова не му поминува кај народот, не поминува ниту во неговата партија Прво, второ, трето и петтосомничениот во „Пуч“ се во притвор, шестоосомничениот е во затвор. Само четвртоосомничениот Заев шета на слобода со одземен пасош во име на демократијата. Со судската постапка, верувам дека за помалку од еден месец, целата работа ќе биде завршена, рече Пандов.