Пандов: Заев нема поддршка од македонските гласачи, па собира поени кај Албанците

Ставовите на лидерот на опозицијата Зоран Заев – Македонците да учат албански јазик уште од градинка, албанскиот јазик да се употребува во органите на целата територија на Македонија, како и продлабочување на охридскиот договор, аналитичарот Александар Пандов ги оцени како антимакедонски и антинационални, пишува Курир.

Тој вели дека лидерот на СДСМ при очајното додворување на Албанците, а во потрага по политички поени, најверојатно е подготвен на сè.

– За сите нас кои ја следиме македонската политичка сцена, апсолутно веќе ништо не`не изненадува од Заев. Не ме ни изненадува ни што соросовите платеници и понатаму даваат поддршка на глупостите што Заев ги кажува, затоа што тие се платени за тоа. Мене ме изненадува моментот што сепак во СДСМ постојат и нормални луѓе од сите националности, и запрепастува податокот што тие луѓе и понатаму му даваат поддршка на тој човек. Запрепастува податокот што и понатаму се обидуваат да ги оправдаат сите негови искажани глупости, на дополнителни прес-конференции. И тоа е пракса на која веќе се навикнати, но мислам дека Заев ja премина црвената линија и колку и да е длабока јамата којашто ја копаше за некои други, сега тој е толку длабоко паднат во неа и како најбеден очајник се обидува ставајќи ги сега и Албанците во целиот овој циркус којшто го направи, да успее ако може преку нив да добие политички поени, затоа што одамна веќе кај Македонците е прочитан и нема никаква поддршка кај македонските гласачи, истакна Пандов во изјава за Курир.

Крајната цел на преку ваквите изјави на лидерот на опозицијата, како што посочи Пандов, е отворање на нова меѓунационална тензија.

– Неговите ставови не само што се антимакедонски, тие се антинационални, тоа се ставови коишто во овој момент тој ги исфрла со надеж дека не само што ќе добие некоја поддршка од албанскиот електорат, туку и дека ќе пробуди кај нив некои нови барања коишто ги немаме слушнато од нив и со кои што ќе се отвори некоја нова меѓунационална тензија. Тоа е крајната цел којашто Заев сака да ја постигне. Тој сака да отвори македонско-албанско политичко недоразбирање околу, пак ќе нагласам, некои барања што ги немаат ни самите Албанци, ниту очекувања дека децата во Делчево и во Берово ќе учат албански јазик од градинка, посочи во изјава за Курир, аналитичарот Пандов.

Заев во интервјуто за косовската телевизија РТК, посочи дека не е важно што ќе пишува во Обединетите нации за идентитетот, а црвена линија треба да биде мултикултурализмот.

– Неприфатливо е лидер на опозиција да има такви ставови или барања кои ни Албанците не ги имале до сега. Тој сака реотварање на Охридскиот договор, а што повеќе би можеле да добијат Албанците од тој договор – да бараат федерализација? Ние Македонците немаме разбирање за такви барања спрема никого, но Македонец лидер на опозиција тоа да го поставува на маса, тоа навистина е надвор од умот, надвор од секоја нормална логика на политичко поимање, потенцираше Пандов.

За потсетување Заев во интервју за косовска телевизија ја кажанеговата најнова заложба и ветува Македонците да учат албански јазик од градинка. Албанскиот јазик да се употребува во органите на целата територија на Македонија и во Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци и други градови е уште една заложба на Заев.

-Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.

Заев во интервјуто говори и за некакво продлабочување на охридскиот договор. Имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подрзабира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охрискиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев. Тој е подготвен да го продаде и идентитетот на Македонците само за да се додвори кон странскиот фактор. Тој вели дека не е важно што ќе пишува во Обединетите нации за идентитетот, а црвена линија треба да биде мултикултурализмот.

-Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики. Тоа се нашите одлики како држава, како народ кои неможат да се сменат. Но доколку зборуваме заедно со нашиот јужен сосед, со Грција, како соседи, јас сум сигурен дека ќе најдеме решение. Убеден сум во тоа, вели Заев.