Македонија

Пандов: Зарем вака ја замислувате демократијата?!

Пандов: Зарем вака ја замислувате демократијата?!

Алоооо ОБСЕ дали се читаме? ЗНМ со реакција? Насер Селмани нешто да каже? Борците од невладините “Отворено Општество” со некаква реакција? Та вака ли ја замислувате вие Слободата и Демократијата? – напиша политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот фејсбук профил, револтиран од натпис во кој со фотографија  се повикува на насилство.

Не е првпат Пандов да коментира за исполитизираноста на Здружението на новинари на Македонија. Тој неодамна запраша „Зошто ЗНМ не реагира на заканите и понудите на фекалии и вазелини на медиумите од платниот список на Милчин?!“

Тој е револтиран од селективноста на ЗНМ која дозволува одредени медиуми да објавуваат текстови со директни закани, а притоа воопшто да не го осуди ваквиот однос на медиумите, кои главно се финансирани од СОРОС, а контролирани од опозицијата.

Извор: Курир.мк