Панихида во Охрид за Денот на сесловенските просветители

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, денеска во 10.30 часот во Домот на културата во населбата Кошишта ќе се одржи панахида за светите браќа, а потоа концерт ќе одржи КУД „Ѓердан“.

Во 11 часот пред споменикот на светите Кирил и Методиј во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, потоа пред присутните ќе се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, а свеченоста ќе заврши со доделување награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта.

Чествувањето на Денот на сесловенските просветители ќе заврши вечерва со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 19.30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.