Паника меѓу Џихадистите: Тргајте ги знамињата и бегајте!

Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија
Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија

Тргајте ги знамињата и бегајте, наредува главниот командант на џихадистите од Исламска држава, во пресретнат разговор.

Руската воена разузнавачка служба пресретна и сними разговор помеѓу членовите на командата на Исламска држава во Сирија во кои се слуша паника и страв. Медиумите го пренесуваат монологот на главниот командант кој вели:

На исток, запад, југ… Четири авиони. Напуштете ги базите, напуштете ги позициите колку е можно побрзо. Оставете се, и оружјето и муницијата. Опасно е, опасно е… Ни погодија 300 цели. Слушајте ме сите. Еве го авионот. Каде сте? Јавете се. Гледам четири руски авиони. Откако ќе завршат со ударите, префрлете го вооружувањето. Најдете складиште подлабоко од 15 метри, за проектилите да неможат да го пробијат. Задолжително, тенковите, транспортерите и топовите секој ден преместувајте ги на друга локација и немојте да ги пупотребувате освен кога е неопходно затоа што се снимаат… Се снимаат. Исклучете ги мобилните телефони и немојте да ги користите и немојте да разговарате ниту преку воки-токи со главните команданти што се на првата линија. Најважно, од сите позиции и објекти тргнете ги знамињата на ИД. Кога ќе ги тргнете знамињата, напуштете ги базите на целото подрачје на калифатот. Браќа, немојте да се плашите… Ќе победиме, ќе го уништиме Башар ал Асад, руската војска ќе биде уништена во сирија, а крајот на Путин ќе биде во нашите раце, во име на Алах, ако Алах даде .

Инаку, пред неколку дена беа објавени информации дека околу 3.000 милитанти пребегале на територија на Јордан. Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.