Паника и страв во СДСМ по анкетата на “Димитрија Чуповски“

Паника и страв од нов пораз се шири во најголемата опозициска партија по објавувањето на резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведенo од Институтот „Димитрија Чуповски“, кои покажуваат голема предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозициската СДСМ.

Како што брифираат партиски извори, убедливата предност на ВМРО-ДПМНЕ и лошата кондиција на партиските структури на СДСМ се клучни за стравот и паниката во опозициските редови. Анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ објавена денеска, покажува дека доколку утре се одржат парламентарни избори, 26,1 отсто од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,1 отсто за СДСМ.

Фактот што според анкетата на „Димитрија Чуповски“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има четири пати повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Зоран Заев, дополнително влева страв во раководството на СДСМ од предвремени парламентарни избори.

Ова, како што коментираат партиски извори, е првата реакција на СДСМ по објавувањето на резултатите од страна на „Димитрија Чуповски“. Една од главните причини за паниката и стравот во опозициските редови е неподготвеноста на партиските структури за предвремени парламентарни избори.

Дополнително, промените кои ги ветуваше раководството на СДСМ, не се испорачани, по што членството е уште повеќе разочарано од стапките на новото раководство. Анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека граѓаните немаат доверба во опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев, сметајќи дека партијата нема ништо ново да им понуди.

На минатите избори, анкетите на Институтот „Димитрија Чуповски“ беа најблизу до конечните изборни резултати. Токму затоа важи за најмеродавниот Институт кој прави анкети за мерење на рејтингот кај политичките партии и лидери.

Во анкетата на најрелевантниот Институт, на прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале“, 26,1 отсто од испитаните одговориле дека поддршката и натаму ќе ја дадат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ се изјасниле дека ќе гласаат 15,1 отсто од испитаните граѓани.

Според Институтот, премиерот Никола Груевски има 26,7 отсто доверба, додека нековиот политички опонент Зоран Заев, само 7,5 отсто.