Паника меѓу српските политичари и новинари

Политичарите во соседна Србија се во паника, откако поранешен припадник на службата за државна безбедност на Twitter под псевдонимот „Лауфер јавува“ објавува податоците за политичари и новинари, како што се Чеда Јовановиќ, Беба Поповиќ, Миломир Мариќ, Војислав Шешељ и многу други.

„Поранешен припадник на СДБ. Сменет од функција. Патриот кој веруваше дека станува збор за државата измамен и оставен од сите. Сега сум лут. Ќе се одмаздам!!! Само следете ме“, пишува во описот на интегрираниот профил „Лауфер јавува“, кој како што пишува intermagazin.rs, се’ повеќе го привлекува вниманието на јавноста.

„Му се закануваат на моето семејство. Уценуваат. Ќерка ми ја избркаа од работа. Будали. Класичен метод на службите. Нема да застанам. Одам до врвот на власта“, напишал неодамна корисникот на профилот.

 

Во своите твитови главно објавува за спрегата меѓу мафијата и политичарите во Србија, давајќи своја хронологија на настаните, а најчесто ги споменува личностите под псевдонимите „Бели“, „Саветник“ и „Џики“.

 

Цел на твитовите најчесто се Чедомир Јовановиќ, Владимир Беба Поповиќ. Го споменува и познатиот новинар Миломир Мариќ, кого го нарекува „Оливер“, најверојатно псевдоним за службата, за кого вели дека е „човек за сите режими“.

„’Оливер’ продолжува со работата за свој интерес. ‘Леб и игри’, ако нема леб и ‘играта’ е добра. Власта го употебува за скршнување на погледот на јавноста“, пишува во еден од твитовите.

Мариќ и Александар Тијаниќ ги карактеризира како „најлоши непријатели, двајцата главни државни новинари“.

 

„Лауфер“ ги открива и тајните на покојниот контроверзен криминално-политички лик Жељко Ражњатовиќ Аркан.

 

Се споменува и поранешниот хашки обвиненик и жесток критичар на актуелната власт Војислав Шешељ.

„Соработникот на службата ‘Магистар’, несомнено е интелигенте. Способен да манипулира со масата. Подобна десница. Човек од доверба. Гладен за моќ. Индоктриниран“, пишува за лидерот на Српската радикална партија (СРС).

Кога станува збор за Шешељ, особено е интересен уште еден твит: „’Магистар’ знаеше. Знаеше што го чека ‘Џики’. Виновен е за молчењето. Чоки не е Човиќ, Чоки е ‘Магистар’. Го знаеше епилогот, се засолни во Хаг. Паметно“, пишува „Лауфер“.

 

Корисникот иако изразува стравување дека ќе му биде блокиран акаунтот, продолжува со лиферување информации за актерите од српската криминална и политичка сцена, коишто главно ги нарекува со кодните имиња, но во некои твитови објавува и нивни фотографии.

„Ми ги блокираат комуникациите. Ова е единствениот начин на кој можам да дојдам до јавноста. Го ограничуваат налогот на овој број следбеници. Наскоро ќе го блокираат“, тврди корисникот на овој микроблог. Засега има само околу 1.700 корисници на мрежата кои го следат, но реакциите на овој профил се многу посилни.

Новинарите го запрашаа Војислав Шешељ кој од информациите за кои тврдеше дека стасуваат од тајните служби објави две книги под наслов „Лауфер“ и „Лауфер не ме заборави“, дали е запознаен со овој профил, и дали можеби дури и самиот тој да стои зад него, имајќи предвид дека често го користи Twitter.

„Првпат слушам за овој профил, никогаш не сум го видел. Не стојам зад него“, кусо коментирал Шешељ за Еспрес. Подоцна рекол и дека е блокиран од страна на конкретниот профил.

„И тоа име коешто го корисити ‘Магистар’, тое е земено онака, без докази. Тоа дека сум знаел за убиството на (покојниот српски премиер Зоран) Ѓинѓиќ не е точно, јас само реков дека се очекува ‘крвава пресметка’, дури мислев дека ќе биде и покрвава од оваа“, додал шефот на српските радикали.

Во српските медиуми, исто така, постои и мислењето дека споменетиот мокроблог е всушност потсмевањето токму на сметка на Војислав Шешељ, имајќи ги секако предвид насловите на споменатите негови книги.