Паника во Белата куќа: Тајните служби пронајдоа сомнителна направа

Тајната служба на САД денеска пронајде „направа“ во Белата куќа, додека американскиот претседател е отсутен и се наоѓа во посета на Индија, изјавил портпаролот Џош ернест.

– Постоеше направа што тајната служба ја откри во Белата куќа. Првите индикации укажуваат дела не станува збор за било каков вид актуелна закана за било кого во Белата куќа, потврди Ернест, кој во моментов се наоѓа во Индија во придружба на претседателот Обама, пренесе AFP.

Во Белата куќа во Вашингтон денеска до зори беше темница, кога светнаа ротационите светла на групираните противпожарни возила кај југоисточниот влез во резиденцијата на претседателот на САД. Безбедносните ленти за одбележување биле поставени околу Белата куќа за да се ограничи пристапот во објектот.

Тајната служба на САД засега нема коментар за она што денеска се случува во Белата куќа додека претседателот заедно со сопругата се наоѓа во тридневна посета на Индија, со планиран краток престој во Саудиска Арабија, во вторник, пред враќањето во Вашингтон.