Паника во Бразил, Неимар неизвесен за дуелот против Хрватска

Бразил е во шок, најверните фанови и стручниот тим се во исчекување, сите чекаат официјална информација околу здравствената состојба на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес, Неимар.

Напаѓачот на каталонскиот гигант Барселона се повреди на два дена до официјалниот страт на најважниот спортски настан во 2014 година и сега под знак прашалник е неговиот настап на првиот натпревар од групната фаза, дуелот против репрезентацијата на Хрватска.

Бразилските медиуми експресно ја пренесоа информацијата дека крилниот напаѓач зааботил незгодна повреда на последниот тренин и дека станува збор за повреда на скочниот зглоб.
Камерите забележале како Неимар, куцајќи на една нога го напушта фудбалскиот терен и се упатува кон соблекувалната, а бил придружуван и од репрезентативниот доктор на Бразил.