Паника во Германија: Поради закани за напади затворени училишта

Неколку училишта во Баруншвајг во Долна Саксонија во Германија ја откажаа наставата откако во текот на ноќта им  биле испратени имеил пораки во кои имало закани за терористички напади.

Во пораката, што ја примиле училиштата, најавено е дека нападот ќе се случи утрото во 9 часот, пренесува „Раша Тудеј“.

Во областа Баруншвајг девет училишта ја добиле имеил пораката, а наставата е откажана во 9 средни училишта како и во основните училишта.

Учениците пред почетокот на наставата биле вратени дома, а од полицијата оценуваат дека процедурите за евакуација протекле успешно. Полицијата во моментов се обидува да утврди кој ги испратил меиловите.