Паника во Париз: Ајфеловата кула обвиена во чад (ВИДЕО)

Речиси истовремено додека во Ница се одвивала крвавата драма, во којашто терорист уби над 80 лица, Ајфеловата кула во Париз синоќа беше обвиена во чад, пренесува МИА.

Според полицијата, станува збор за ракета за огномет што се наоѓала во камион, и која случајно се запалила.

Иако присутните мислиле дека се работи за планиран терористички напад, лажната тревога набргу била расчистена, јавуваат локални медиуми.