Паника во Приштина, над 40 лица повредени

Над 40 лица се повредени во стампедото што следеше по пукотниците во центарот на Приштина, каде се оддржуваше локалниот „Бирфест“, соопштува косовската полиција.

Како што пренесува „Танјуг“, пукотницата се случила синоќа по караница. Едно лице е повредено со огнено оружје.

Повредените побарале помош во болницата, а според наводите на лекарите и полицијата лицата се здобиле со повреди по паничното бегање од плоштадот во центарот на Приштина, во близина на хотелот „Гранд“.

Приштинските медиуми наведуваат дека по пукотниците на градскиот плоштад  владеел вистински хаос, а неколку луѓе останале да лежат во бессознание на плоштадот.

Набрзо по пукотниците полицијата го затворила плоштадот и соопштила дека по интервенцијата е најден млад маж со повреди од огнено оружје.

Организаторите н а фестивалот на пивото во Приштина велат дека се работи за мал инцидент помеѓу двајца млади луѓе.