Македонија

Паника во скопски Карпош: Маж со пушка шета по улица

Паника во скопски Карпош: Маж со пушка шета по улица

Загрижени читатели пред малку се јавиле во редакцијата на Press24 со тврдење дека маж вооружен со пушка бил забележан пред училиште во скопската населба Карпош. Мажот излегол од автомобил и со оружјето шетал по улица.

Press24 случајот веднаш го пријавил во полиција. Од МВР велат дека веќе се информиани за настанот. Според информациите кои ги добивме од полициајта, полициски службеници го пресретнале мажот на улица, по што било утврдено дека станува збор за воздушна пушка.

Пушката веднаш му била одземена.

Полицијата веднаш направила проверка, дали пушката ја поседувал со дозвола. Според првичните и неофицијални информации, кои полицијата не сака да ги потврди, мажот ја имал целата потребна документација за оружјето и го носел во некоја продавница, најверојатно на сервис.

Насокро очекуваме повеќе детали.