Паника во Србија: Пронајдена опасна бактерија која го напаѓа мозокот

Во поплавените подрачја во Србија е пронајдена опасна бактерија која најчесто ги напаѓа белите дробови и мозокот.

На локалното население во српското село  Сивац строго им е забрането да конзумираат вода од чешма, која во моментот не е за пиење, но не е ни за готвење и капење.

Редовните анализи на вода во тоа село се прават на секои 15 дена, а резултатите кои пристигнале во вторникот покажале дека во одделни примероци од водата во Сивац пронајдена е трипати поголема концентрација на оваа опасна бактерија.

Бактеријата Pseudomonas aeruginosa која била пронајдена во водата се смета за една од најопасните бактерии која предизвикува инфекции преку пиење вода. Оваа бактерија може да предизвика гнојна инфекција, воспаление на кожа, очи, средно уво, а со внесување на заразна вода може да дојде до менингитис, воспаление на белите дробови, цревата или уринарниот тракт.