„Паниката и стравот во редовите на СДСМ се повеќе се зголемуваат“

Со ниедна лага СДСМ веќе не може да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Очајно изгледа лицитирањето со бројки, од страна на раководството на СДСМ за бројот на ,,фантоми”.

Десет години по ред разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 200 000 гласови и СДСМ многу добро знае дека не ја уживаат поддршката кај граѓаните.

Затоа, Заев и Шеќеринска прво се трудеа  да ги излажат граѓаните дека имало 500 000 фантоми, па 450 000 фантоми, па 300 000 фантоми.

На крај манипулациите од СДСМ се сведоа на 30-тина илјади спорни гласачи главно од 5-та и 6-та ИЕ. Меѓу спорните гласачи на СДСМ со кои Заев се обидуваше да ги оправда изборните порази, се најдоа и: Мирјана Најчевска, Гордан Георгиев, Јани Макрадули, Ерол Ризаов,сестрата на Радмила Шеќеринска и многу други членови на СДСМ, кои според логиката на СДСМ не постојат.

Целата циркузијада околу фантомите во ,,избирачкиот список”, беше само со една единствена  цел, малтретирање на граѓаните со разни процедури во кои тие мораа да му докажат на ДИК, според волјата на  СДСМ, дека постојат и не се фантоми, за да можат да бидат запишани во Избирачкиот список со што би го оствариле своето уставно право на глас.

Со  приближувањето на изборите, паниката и стравот во редовите на СДСМ се повеќе се зголемуваат.

Деструктивната политика која СДСМ ја води целиот овој период, во обид да ја клекне државата на колена, веќе зафаќа патолошка форма. Ваквата деструктивност, која резултира со малтретирање на граѓаните ќе им го донесе  10-тиот изборен пораз во низа.

Граѓаните веќе никогаш нема да дозволат да бидат омаловажувани и манипулирани од СДСМ, СДСМ  ова многу добро го знае и затоа стравот на Бихаќка е се поголем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.