Паноа за бесплатно изборно рекламирање низ Скопје

Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации, согласно Одлуката за условите за добивање право на користење место за истакнување на изборни плакати во Скопје.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна ден пред  денот определен за почеток на изборната кампања, односно до 4 Април (петок)  до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребњето ќе се изврши на 4 Април 2014 година (петок) во 10 часот, во Град Скопје – Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82 – барака 11).

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

1. Бул “К.Ј.Питу” – (ТЦ Скопјанка)

2. Бул. “Јане Сандански” –  (ТЦ Бисер)

3. Бул. “В.С.Бато” – (Пошта Ново Лисиче)

4. Бул. “3-та Македонска бригада” – (Раде Кончар)

5. Бул. “АСНОМ” – (сала МЗТ)

ОПШТИНА БУТЕЛ

1. Ул. “Босна и Херцеговина” – (Раскрсница со Александар Урдаревски)

2. Бул. “Христијан Т. Карпош” – (Кино – Бутел)

3. “2-ра Македонска бригада” –  (ТЦ Треска)

4. ул. “Радишанска” – (Лок. Центар нас. Радишани)

5. ул. “Александар Урдаревски” – (раск. Со улица за рудник Бањани)

6. ул. “Радишанска” – (Расадник Паркови и зеленило)

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

1. Бул. “Александар Македонски” – (Автокоманда спортска сала)

2. Бул. “Александар Македонски” – (кај Алкалоид)

3. ул. “Благоја Стефковски” – (раскрсница со ул.846)

4. ул. “Париска Комуна”- нас.”Хиподром” (последна автоб.стан. 50)

5. ул. “Маџари” нас. “М.А. Ченто” – (кај пазарот)

6. ул. “М.А. Ченто” – (раскрсница со ул. Маџари)

7. ул. “М.А. Ченто” – (последна автоб.стан. 45)

8. ул. “Радован Ковачевиќ” – (лок. центар до ОУ 25 Мај)

9. ул. “Радован Ковачевиќ” – (лок. центар економија)

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

1. ул. “Ѓорче Петров” – (кај Баумаркет)

2. ул. “Ѓорче Петров” – (Лок.Центар)

3. ул. “Лука Геров” – нас.Даме Груев (автобуска станица)

4. ул. “4-ти Јули” – (пазар)

 

ОПШТИНА КАРПОШ

 

1. ул. “Ангел Динев” – (кино Влае)

2. Бул. “Партизански Одреди” – (пред ТЦ Лептокарија)

3. ул. “Рузвелтова” – “Орце Николов” – (раскрсница)

4. ул. “Московска” – (пазар Тафталиџе)

5. Бул. “Митрополит Т. Гологанов” – (кај Млечен ресторан)

6. ул. “Козле” – Нерези – (посл. автоб. станица 57)

 

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

1. ул. “Антон Попов” – (кај лок.центар – шампионче)

2. ул. “Христо Татарчев” – (кај автобуско стојалиште)

3. Стара рампа

4. Ул. “Борис Трајковски” – (раскрс. Со Бул.”Србија”)

5. Нас. Драчево – (локален центар)

6. С.Драчево – (црква)

7. С.Драчево – (кај црквата)

 

ОПШТИНА САРАЈ

 

1. Сарај – (пред црквата)

2. Сарај – (последна автоб.стан. 12)

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР

 

1. Бул. “Илинден” – Градски Парк – (кај фонтана)

2. Бул. “Партизански одреди” – (пред универзална сала)

3. Ул. “Народен фронт” – (ТЦ Беверли Хилс)

4. Ул. “Македонија” – (пред дом на АРМ)

5. Влез во ГТЦ”

6. Ул. “11 Октомври” – (спроти ГОБ, спомен чешма)

7. Бул. “Кочо Рацин” – (кај Олимписки базен)

8. Бул” К.Ј. Питу” – (комплекс банки)

 

ОПШТИНА ЧАИР

 

1. Бул. “Крсте Мисирков” – (Бит пазар)

2. Бул. “Гоце Делчев” – (плато Мавровка)

3. Бул. “Цветан Димов” – (Чаирчанка)

4. Ул. “Кемал Сејфула” – (стадион)

5. Ул. “Џон Кенеди” –  ракрс. со Бул. “Македонско косовска бригада”

 

 

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

 

1. Шуто Оризари – (кај пазарот)

2. Шуто Оризари – (кај Општина)

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.