Македонија

Панов: Во Кавадарци се реализираа повеќе проекти кои ги подобрија условите за живот на граѓаните

Панов: Во Кавадарци се реализираа повеќе проекти кои ги подобрија условите за живот на граѓаните

Градоначалникот на општина Кавадарци пред истекот на првата година од мандатот, потсетува на сработеното и на визијата од програмата за 2014 година. Во изминатиов период од неколку месеци помогнати од Владата во Кавадарци се реализираа многу проекти кои значат подобрување на условите за живот и работа на граѓаните на Општина Кавадарци.

„Станавме лидери во регионот кога е во прашање енергетската ефикасност со инвестирање на 21 милион 0денари, во воспитно-образовните институции и градинките со комплетна замена на ПВЦ-столаријата и нови термо фасади.Изградивме нов кружен тек на влезот од градот.Се финишира проектот за реконструкција на регионалниот пат до Мушов гроб во должина од 16.5 км.Го завршивме проектот за замена на класичните светилки со нови еколошки и штедливи лед светилки,“ изјави Панов.

Во однос на завршените проекти се и изградбата и асфалтирањето на повеќе патишта, изградба на мост, средување на водоводен систем, а се започна и со реализација на проектот на катна гаража кој ќе го реши проблемот со паркирањето. Ќе се реконструираат голем број на училишта и цркви.

„И она на што сме посебно горди, заврши изградбата на фабриката Дрекслермаер, една од најголемите странски инвестиции по бројот на вработени. Досега се вработени над 2500 граѓани и тој процес не престанува. Почната е постапка за вработување и во новата инвестиција Кофикаб која  ќе отвори нови 500 работни места,“ додаде Панов.

Вети дека и понатаму со несмалено темпо и енергија ќе продолжат со реализација на прокетите како што се разрешување на проблемот со водоснабдувањето со помош на рекордни два милиони евра од Владата, како и инсталирање на скада системот и регулирање на притисоците.