Панраџиева-Змејкова доби благодарница од „Хемолог“

Достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за проблемите кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија е сонот од пред 20 години кој денеска е реалност. Ова на денешната средба со директорот на ФЗОМ, Маја Парнаџиева-Змејкова, го истакна Драги Лаушевиќ,престседателот на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“.

За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиeва-Змeјкова нагласувајќи дека создала атмосфера на доверба, почит и искена желба да се решат проблемите и да се одговори на потребите на лицата со хемофилија.

Парнарџиева-Змејкова им се заблагодари на претставниците на здружението за искажаната доверба и истакна дека правата на осигурениците се приоритет во агендата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Фондот и натаму ќе продолжи со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани бидејќи цени дека тоа е вистинскиот пат да се изнајдат најдобрите начини за унапредување на квалитетот на здравствени услуги согласно современите медицински трендови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.