Паоло ди Канио сака да биде менаџер на Селтик

Фил Спенсер, агентот на легендарниот фудбалер на Лацио и Селтик, Паоло ди Канио, откри дека неговиот клиент сака во новата клупска сезона да биде менаџер на актуелниот шампион на Шкотска.

“Паоло сака да разговара со раководните лица на Селтик и мислам дека во следните неколку дена ќе има таков состанок. Паоло неколку сезони го носеше дресот на Селтик, а има совршен однос со најверните фанови на шкотскиот клуб. До овој момент, мојот клиент нема остварено контакт со раководните лица на Селтик, но ако добие таква понуда сигурно ќе биде разгледана со посебно внимание”, изјави Спенсер.