Балкан

Папа: Албанија не е муслиманска туку европска земја

Папа: Албанија не е муслиманска туку европска земја

Папата Франциско изјави дека Албанија е „европска“ не „муслиманска“ земја, и преку одлуката во првата официјална посета на една европска држава да отпатува во Албанија, сакал да испрати порака на Европа.Римокатоличкиот поглавар одржал прес-конференција за новинарите во неделата вечерта во авион, при повраток од Тирана за Рим.

Папата Франциско во таа прилика ги поздравил „младоста“ и „братството“ на муслиманските, католичките и православните верници во Албанија.

„Иако мнозинството се Муслимани (56 отсто), Албанија не е „муслиманска земја туку европска““, подвлече римокатоличкиот поглавар.

Папата го критiкуваше „заморот“ на големите сили посебно на европските за прифаќање на доселениците и најави дека кон крајот на ноември ќе го посети Европскиот парламент и Советот на Европа во Стразбур.

Во Тираната папата го дочекале повеќе од 250 илјади лица од кои 10 илјади дошле од други земји, а 3000 од Косово. Папата одржа миса, се состана со бискупите, верски водачи од регионот и други претставници на католичката црква.

Посетата ја заврши со посета на социјалниот центар Бетани околу 20 километри од Тирана, каде се состана со децата без родителска грижа и хендикепирани лица.