Папата Бенедикт негира дека бил принуден да даде оставка

Пензионираниот папа Бенедикт XVI ги негираше шпекулациите дека врз него е извршен притисок да поднесе оставка, потенцирајќи дека одлуката за абдицирање да донел сам и слободно.

Бенедикт му пишал на истакнатиот италијански весник „Штампа“ поради новите шпекулации околу причините за неговото заминување од врвот на Римокатоличката црква.

Бенедикт на 28 февруари минатата година се повлече од должноста папа. Тој е првиот папа кој по 600 години абдицираше.

Откако го нападнаа дека носи бела мантија, тој само рече дека немам друга облека.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.