Папата е скептичен за обединувањето на двете христијански цркви

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциско по враќањето од Турција изјави дека е скептичен кон можноста двете христијански цркви, по раколот во 1054 година, повторно да се соединат.

Тој подвлече дека христијаните се наоѓаат на пат на соеднување, пат кој мора да се изоди, но и додаде дека:

„Ние сме на тој пат, но исто така мораме да чекаме теолозите да се сложат меѓу себе. Никогаш нема да го дочекаме тој ден. Во тоа ве уверувам. Скептичен сум“.

Во истиот ден папата ја олади на надежта која се разб удила само неколку часа порано кога во Истанбул, каде се сретнал со вселенскиот патријарх Вартоломеј, повика на обеднивање на двете цркви.

„Плачот на жртвите од конфликтите не повикува без одложување да одиме по патот на мирот и заедништвото меѓу католиците и православните“, порача тој.

Папата и одала признание на Турција за примањето на околу два милиони бегалци и ги повика верските поглавари муслимани, како и муслиманските интелектуалци јасно и недвосмислено да го осудат исламистичкиот тероризам.