Папата Франциск напомна за измена на молитвата Оче наш

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во интервју за италијанскиот телевизиски канал TV2000 зборуваше меѓу другото и за измени во молитвата Оче наш.

Според мислењето на папата, кога се чита нејзиниот превод на англиски и редица други јазици, можно е да се помисли дека „Бог избира, да нѐ воведе во искушение или не“.

„Тоа не е добар превод, бидејќи асоцира дека Бог провоцира на искушение“, вели папата Франциск.

Потсетува дека текстот од молитвата веќе е променет во Франција, каде што сега гласи „не дозволувај да подлегнеме на искушението“. Со оваа формулација, смета папата, сета вина за искушението лежи на човекот.

Молитвата Оче наш, според Евангелието, на своите ученици им ја предал Исус Христос како одговор на барањето да ги подучи на молитва. На јазикот на оригиналот молитвата е загубена, а најстарите сочувани текстови се запишани на древниот коине јазик.