Папата Франциско им го честита Божик на православните христијани

Папата Франциско го четститаше Божик на православните христијани и католиците кои овој празник го слават по Јулијанскиот календар, посакувајќи им мир и благосостојба, пренесува МИА.

Изразуваме духовна блискост со браќата и сестри од христијанскиот исток, католици и православни кои в четврток ќе го слават Божик, рече Папата по молитвата во Ватикан.  До нив нека стигнат нашите желби за мир и добробит, рече вчера поглаварот на Римокатоличката црква.