Папата Франциско ја отслужи првата божикна миса

Папата Францис ја отслужи првата божикна миса. Во своето обраќање Светиот отец најголемо внимание посвети на децата, сиромашните и други ранливи групи во општеството.

„Во историјата на светот има светли и темни моменти. Ако нашите срца се затворени и во нив доминира гордоста и измамата, темнината паѓа не само внатре во нас, но и во нашето опкружување“, изјави Папата.

Тој го искористил моментот уште еднаш да предупреди за зголемувањето на насилството врз христијаните во некои точки на светот како Сирија и Судан.