Папата Франциско пристигна на Лезбос

Папата Франциско пристигна на Лезбос

Папата Франциско пристигна на грчкиот остров Лезбос.

Папата Франциско сака лично да ги поздрави 250-те баратели на азил во бегалскиот камп Мориа, а со осуммина од нив и ќе руча заедно. Освен тоа, папата Франциско, патријархот Вартоломеј и православниот архиепископ Хиеронимус ќе потпишат заедничка изјава и заедно ќе се помолат за луѓето кои ги загубиле животите за време на бегството.

„Ова е тажно патување. Ќе ја видиме најголемата хуманитарна кататсрофа од Втората светска војна“, изјави папата за време на летот до Лезбос. Тој очекува да види „многу луѓе кои страдаат, не знаат каде да одат, луѓе кои морале да бегаат“.

На Лезбос во моментов има околу 4100 бегалци. Повеќето од нив би требало да бидат вратени во Турција.

Како што јави ДПА, за време на престојот на Лезбос, папата ќе биде придружуван од вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним, при што тројцата ќе го посетат кампот за прием на мигранти Морија.

Предвидено е тројцата црковни великодостојници да се сретнат со околку 250 мигранти, како и да ручаат со дел од нив, а најевено е и потпишување на заедничка декларација во врска со мигрантската криза.

По посетата на прифатниот центар Морија, тројцата високи гости ќе се сретнат со претставници на локалните жители на Лезбос, како и со делегација на малата католичка заедница на островот.

Предвидено е тие да одржат и заедничка молитва во пристаништето во Лезбос, по што ќе фрлат венци од свежо цвеќе во морските води во чест на мигрантите кои се удавија во Егејското Море во обид да стигнат до грчките острови.

Според најавита од Атина, тројцата црковни великодостојници за време на престојот на Лезбос ќе бидат придружувани и од грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.