Папата Франциско ќе отвори профил на Инстаграм

Папата Франциско во сабота ќе отвори сопствен профил на уште една социјална мрежа, овој пат на Инстаграм под името Franciscus, информираат од Ватикан.

Папата сам го избрал датумот за отварање на неговиот профил на популарната социјална мрежа за објавување на фотографии, на која доминираат ѕвезди како Џастин Бибер и Кристијано Роналдо. Имено, оваа сабота се одбележува третата годишнина од неговата инаугурација на чело на Римокатоличката црква.

Ова е последниот чекор во контекст на стратегијата на Ватикан, кој има за цел пораката на папата преку социјалните медиуми да се стигне до поголем број на верници и неверници од целиот свет, со посебен фокус на помладата генерација.

Поглаварот на Римокатоличката црква веќе користи Твитер, каде што под името @Franciscus се објавуваат твитови на девет јазици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.