Свет

Папата Франциско: Мора да постои граница во исмевањето на религиите на другите

Папата Франциско: Мора да постои граница во исмевањето на религиите на другите

Папата Франциско изјави дека постојат граници во слободата на изразување има граници и дека секој што ја колне твојата мајка заслужува удар, пишува весникот Индепендант.

Папата во рамки на посетата на Филипините, каде околу 1500 муслимани протестираа против карикатурите на Мухамед во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ зборуваше за нападите во Париз.

Тој рече дека слободата на говор и изразување се основни човекови права, но дека тој верува дека треба да постои граница во навредувањето и исмевањето на религиите и верите на другите.

Како пример, тој го зема Алберто Гаспари кој ги организира патувањата на папата и стои покрај него за време на обраќањето.

-Ако мојот добар пријател Д-р Гаспари каже лош збор за мајка ми, може да очекува удар. Тоа е нормално. Неможеш да провоцираш. Неможеш да ја навредуваш верата на другите. Неможеш да се измеваш со верата на другите, рече Франциско.