Папата Франциско наполни 77 години

Папата Франциско наполни 77 години, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Честитки до поглаварот на Римокатоличката црква ќе пристигнат во Ватикан од целиот свет. Светски лидери и обични верници ќе му посакаат на Папата уште многу долг живот и здравје.

Хорхе Марио Бергољо се раѓа на 17 декември 1936 година во семејството на италијански имигранти во Буенос Аирес. На 13 март 2013 година по откажување од престолот на папата Бенедикт XVI кардинал Берголљо е избран за Папа и го избира името Франциско.