Папата Франциско основаше одделение за надзор на финансиите на Светата столица

Папата Франциско нареди основање на одделение за надзор на економските и административните работи на Светата столица и на чело на новата контролна институција го постави кардиналот Џорџ Пела, соопштија од Ватикан.

На чело на новото одделение, основано во „жижата“ на скандалот околу Ватиканската банка, ќе биде задолжен за подготвување на годишниот буџет на Светата столиоца, како и за изработка на финансиски план и подобрување на внатрешната контрола.

Скандалите околу наводната корупција и нанесоа штета на ватиканската бирократија последните неколку години, пред Франциско да биде избран во март минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.