Папата Франциско повика на поголемо сочувство меѓу луѓето

 

Папата Франциско на синоќешната божикна миса ги повика верниците на поголемо сочувство кон семејството и пријателите кои имаат проблеми.

Тој, исто така, нагласи дека на светот му се потребни повеќе нежност и топлина.

На традиционалното обраќање на Божик во базиликата Свети Петар во Ватикан, папата праша дали имаме храброст со нежност да ги прифатиме тешкотиите и проблемите на нашите блиски или повеќе сакаме безлични решенија кои се лишени од топлината на Евангелието.

Поглаварот на Римокатоличката црква укажа на болеста на рамнодушност кон другите, кога секој мисли само на себе и нема искреност и топлина на врските меѓу луѓето.

Тој ги повика арогантните и горди, затворени кон другите, да тргнат во пресрет на животот со добрина и кроткост.