Свет

Папата Франциско „продава“ повеќе влезници од рок ѕвездите

Папата Франциско „продава“ повеќе влезници од рок ѕвездите

Од март до денеска за општите аудиенции на папата Франциско во Ватикан се издадени неверојатни еден милиони 548 илјади и 500 влезници, додека во текот на целата 2012-та година за Бенедикт 16-ти се издадени само 447 илјади.

Откако на 13-ти март застана на чело на Католичката црква, повеќе од два милиони лица дошле на општите аудиенции на папата Франциско на Плоштадот Свети Петар.

Првиот неевропски папа привлекол четири пати повеќе луѓе од својот претходник Бенедикт 16-ти во текот на целата 2012-та година.

Ватикан објави дека се издадени неверојатни 1.545.500 влезници за 30 аудиенции.

Но, се смета дека вистинскиот број е многу поголем бидејќи за задниот дел од плоштадот и околните улици не се потребни влезници, а таму може да се соберат околу 20.000 лица.

На почетокот на година, Ватикан објави дека за 43 општи аудиенции за папата Бенедикт се издадени 447.000 влезници.