Папата Франциско ужива голема поддршка од верниците

Папата Франциско бележи раст на популарноста меѓу католичките верници во САД, односно дури 88 отсто од анкетираните го поддржуваат начинот на кој што папата ја извршува својата мисија.

Скоро две третини од анкетираните католици го поддржуваат начинот на кој што папата се однесува кога станува збор за прашања поврзани со моралот.

Според анкетата, која за „Си- Ен- Ен“ ја спроведе „ОРЦ интенешнл“, 86 отсто од испитаниците сметаат дека папата држи чекор со модерното време, а 85 отсто сметаат дека не е ниту премногу либерален, ниту премногу конзервативен.

Повеќе од половина од анкетираните католици во САД сметаат дека покојниот папа Јован Павле Втори не бил во чекор со времето, додека бил на чело на Црквата.

Кога е во прашање ставот дека жените би требало да имаат поголема улога во водството на Католичката црква, но да не бидат свештеници, папата доби поддршка од над 60 отсто од американските католици.