Папата ги оквалификува нападите во Брисел како појава на слепо насилство

Папата Франциско ги осуди денешните напади во Брисел, оценувајќи ги како пројава на слепо насилство кое раѓа толку многу страданија. Во изјавата од папата се наведува дека тој ќе го моли Господ да ни подари мир.

Папата Франциско уште изрази сочуство до блиските на загинатите и надеж за побрзо заздравување на повредените.