Папата ги осуди евтаназијата и абортусот

Папата Франциско ја осуди денеска евтаназијата, истакнувајќи дека „лажно чувство на сочувство“ е да се смета евтаназијата достоинствен чин, а всушност е грев против Господ и создавањето.

Папата говорејќи пред Здружението на италијанските католички лекари исто така го осуди и абортусот, и вонтелесното оплодување, како и истражувањето на матични клетки.

– Тоа е играње со животот, рече Папата и додаде оти тоа е „грев против создавателот, против Господ создавачот“.

Папата Франциско ги повика лекарите да преземат храбри одлуки и да го поддржат учењето на црквата за достоинството на животот.