Папата го повика Путин да се вложат напори за мир во Украина

Pope Francis smiles alongside Russian President Vladimir Putin during a private audience at the Vatican Nov. 25. (CNS photo/L'Osservatore Romano via Reuters) (Nov. 25, 2013) See POPE-PUTIN Nov. 25, 2013.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ги повика рускиот претседател Владимир Путин и сите други страни вклучени во украинскиот конфликт да вложат „искрени напори“ за постигнување мир во Украина, пренесе МИА.

Како што соопшти Светата столица, ваквиот апел папата го искажал за време на денешната 50-минутна аудиенција на рускиот претеседател, кој прстојува во посета на Италија и Ватикан.

– Светиот отец нагласи дека треба да бидат вложени значајни и искрени напори за постигнување мир (во Украина), се наведува во соопштението на Ватикан.

Двајцата соговорници се согласиле дека е потребно да се воспостави атмосфера на дијалог во Украина и дека сите инволвирани страни во конфликтот треба да се ангажираат за спроведување на Договорот од Минск.