Папата го замоли Трамп да биде носител на мирот, овој вети дека нема да заборави што му е кажано

REUTERS/Evan Vucci/Pool

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск го замоли американскиот претседател да биде носител на мирот на нивната прва и нестрпливо очекувана средба во средата во Апостолската палата, а Доналд Трамп вети дека нема да заборави „што му рекол папата“.

Агенциите пренесуваат дека средбата ќе биде чудна и напната, бидејќи американскиот претседател кој е њујоршки милијардер и папата кој е свештеник на сиромашните изнесуваа радикално спротиставени ставови за климатските промени и доселувањата.

Како што пренесува агенцијата Reuters, делувало дека Доналд Трамп се чувствувал непријатно додека влагувал во малио лифт кој го одвел на третиот кат од Апостолската палата.

На средбата на папата Франциск и американскиот претседател Трамп, присуствувале надбискупот Георг Генсвајн, сопругата на преседателоте Меланија и неговата ќерка Иванка со сопругот Џаред Кушшнер кој е советник на Белата куќа за трговија и Блискиот исток, потоа советникот за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер и советничката Хоп Хикс, и помошникот Ден Скавино.

Трамп и папата разговарале утрото околу половина час, се наведува во извештајот на агенцијата Associated Press.

Американскиот претседател делувал многу поопуштено по средбата и со насмевка на лицата рекол дека мирот на сите би ни бил од полза, пренесува Reuters.

Непријатните подароци за Трамп

Притоа биле разменети подароци. Папата Фанциск на американскиот претседател му ги дарувал своите три главни учења, кои главно секогаш им ги подарува на шефовите на државите кои го посетуваат и скулптурата на маслиново дрво кое го симболизира мирот. А Трамп возвратил на даровите со голема сина кутија велејќи дека ги содржи книгите од Мартин Лутер Кинг и рекол оти се надева дека папата ќе ужива во нив. „Мислам дека ќе уживате во нив. Се надевам дека ќе уживате“, рекол притоа американскиот претседател.

Поедини глави од темите содржани во учењата на папата се спротиставени на политиките на Трамп дадени во текот на предизборната кампања, особено во областа на заштитата на животната средина и нееднаквоста во приходите.

Папата му дарувал копија од новогодишната порака за мир под насловот „Ненасилство – стил на политиката за мир“ и копија од енцикликата за климатските промени. „Ќе ги прочитам, рекол Трамп, познат по тоа што се обидува да ги разводни правилата за заштита на околината.

Дарувајќи му го и медалјонот со маслиново гранче  папата рекол „Мојата желба е да станете маслиново дрво во градењето на мирот“.

Средбата се одржа зад затворени врати

Средбата се одржа во Апостолската палата во Ватикан, и ако што пренесува AP, тие се ракувале, а можело да се слушне дека американскиот претседател рекол дека му претставува „голема чест“ да го посети Ватикан, за потоа да им позираат на фотографите.

Сопругата на претседателот, Меланија Трамп, во оваа прилика, за разлика од посетата на Саудиска Арабија, носела шамија на главата, што е во согласност со протоколот на Ватикан. Трамп допатува во Светата столица, од Израел кој го посети по дводневниот престој во Саудиска Арабија.

„Тој е навистина ‘фаца’, навистина е добар, имавме фантастичен состанок и фантастична обиколка, навистина беше прекрасно“, изјави Трамп по состанокот, кој инаку умееше остро да зборува за Папата во текот на ланската претседателска кампања.

„Да се запознае Неговата Светост претставува чест за целиот живот. Го напуштам Ватикан порешителен од кога и да е да се занимавам со остварувањето на мирот во нашиот свет“, орача амeриканскиот претседател на Twitter.

Но на почетокот од средбата двајцата биле вкочанети и воздржани. Трамп влегол во лифтот и се качил на третиот кат од Апостолската палата по долгата церемонијална прошетка низ нејзините восхитувачки ходници, му ја стиснал раката на Папата на влезот од просторијата којашто Франциск ја користи за официјалните протоколарните настани.

Папата Франциск слабо се насмевнал и рекол „Добродојдовте“. „Ми претставува голема чест“, возвратил Трамп.

Пред многубројните новинари и фоторепортери да ги остават сами, Папата го избегнал незадолжителниот разговор каков што инаку води пред новинарите да бидат замолени да ја напуштат просторијата.

Папата Француск и американскиот претседател Трамп потоа разговарале триесетина минути зад затворени врати, а американските медиуми истакнуваат дека тоа се дваесет минути помалку отколку што истиот папа издвои за претходниот американски претседател Барак Обама.

Трамп на испраќањето му рекол на папата „Ви благодарам, ви благодарам. Нема да заборавам што кажавте“.

Во соопштението што го објави Ватикан по средбата се наведува дека разговорот бил срдечен и оти Светата столица се надева дека ќе се оствари искрена соработка меѓу американската влада и американската Католичка црква, вклучително и кога станува збор за помошта на имигрантите.

Американската Католичка црква се противи на обидите на Трамп да ја намали сојузната помош за градовите коишто им даваат прибежиште на илегалните имигранти, а се противи и на изградбата на ѕидот со Мексико. Папата минатата година изјави дека човекот кој мисли да гради ѕидови а не мостови, не христијанин.

Пица или потица?

По средбата и двајцата делувале многу порасположени. Папата се смешкал, шегувајќи се со Трамп и неговата сопруга Меланија, којашто ја запрашал со што всушност го храни. Во агенциските извештаи има дилеми дали Франциск запраша дали го храни со пица или со потица, словенечка пита од ореви, којашто инаку Папата ја обожава.

Така новинарите на германската агeнција DPA слушнале „пица“, како и американската Associated Press,  а француски AFP „потица“. Дури ниту словенечката новинска агенција STA по неколкукратно прегледување на снимката не успеа да ја разреши дилемата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.