понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Папата им посака мир на оние што загубиле близок при терористички акти

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во традиционалното божиќно послание „До градот и светот“ („Urbi et Orbi“), им посака мир на сите оние кои загубиле некој близок при терористички акти.

папата

Поврзани вести

Мир на оние кои загубиле свој близок поради жестоките акти на тероризам, кои посеаја страв и смрт во многу земји и градови, изјави папата во денешното обраќање на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Во обраќањето пред околу 40.000 верници собрани на плоштадот, папата рече дека во време кога треба да владее согласност и мир, чиј симбол е новородениот Исис, светот се соочува со војни, насилство и страдања.

Тој им поска мир и на оние луѓе кои „страдаат поради економски амбиции на поединци, поради алчноста и љубовта кон парите, што водат кон ропство“.

Папата во своето послание апелираше за мир „во измачената Сирија, каде веќе се пролеа претерано многу крв“.

Време е оружјето (во Сирија) конечно да замолчи и меѓународната заедница да се вклучи активно во изнаоѓање решение преку преговори, порача понтифот.

Тој се осврна и на израелско-палестинскиот конфликт, повикувајќи ги Израелците и Палестинците „да соберат храброст за да напишат нова страница во историјата“.

Израелците и Палестинците треба да соберат храброст и решителност да напишат нова страница во историјата, на која омразата и одмаздата ќе и отстапат место на волјата за изградба на зедничка иднина базирана на взамено разбирање и хармонија, истакна папата Франциско.

Тој повика и на ставање крај на „фундаменталистичкиот тероризам“ во Нигерија и на запирање на злосторставта на групата Боко Харам, чии припадници за време на нивната седумгодишна борба за формирање на „исламска држава“ во регионот, убија околу 15.000 луѓе.

Папата апелираше и за ставање крај на тензиите меѓу власта и опоаицијата во Венецуела, за хармонија во Колумбија, каде неодамна беше потпишан договор за прекин на повеќедецениската војна меѓу владините трупи и герилската група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), како и за решавање на споровите на Корејскиот Полуостров и во Мјанмар.

Најчитани вести