Папата именува 20 нови кардинали

Папата Франциско денеска назначи 20 нови кардинали, кои ќе му се приклучат на раководството на римокатоличката хиерархија, јавува МИА.

Петнаесет од нив се под 80-годишна возраст и можат да учествуваат во конклавата, која избира наследник на поглаварот по неговата смрт или повлекување.

За кардинали се именувани свештени лица од Италија, Португалија, Етиопија, Нов Зеланд, Виетнам, Мексико, Мјанмар, Тајланд, Уругвај, Шпанија и Панама.

Новите „принцови на црквата“ ќе бидат претставени на свечена церемонија во Ватикан, наречена конзисториум, која е закажана за 14 февруари.