среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 17

Папата ја обвини франција за ширење на „родовата теорија“

Папата Френциско на крајот на својата посета на Грузија и Азербејџан, ја обвини Франција дека врши „идеолошка колонизација на родовата теорија, кога да станува збор за доктрина".

110202270

Поврзани вести

Во образложението на својот став папата го наведе примерот на еден татко од Франција, која бил шокиран кога дознал дека неговиот десетгодишно син „сака да стане девојка“.- Она што го критикувам е злото во фактот што родовата теорија преминува во доктрина. Францускиот татко ми рече дека една вечер го прашал својот 10-годишен син: „Што ќе правиш кога ќе пораснеш?”, а детето  одговорило: „Ќе бидам девојка!“. Таткото тогаш сфатил дека во книгите на училиште се учи родовата теорија. Тоа е спротивно на природните нешта!… Промената на полот е една работа, но тоа да се пропагира во наставата во училиштата за да се промени менталитетот, тоа јас го нарекувам идеолошка колонизацијам рече папата.

Тој нагласи дека „сликата на Бог не е човек, туку маж и жена заедно“.

– Тие се едно тело, кога ќе се обединат. Тоа е вистината! Кога ќе го уништиме ова, ние ја валкаме сликата на Бога. Постои глобална војна против бракот и мораме да бидеме внимателни да не ги оставиме овие идеи во нас, порача паппата.

Тој натаму раскажа дека минатата година добил писмо оде една девојка, која се чувствува како момче. – Кога имаше дваесетина години таа и се доверила на мајка и дека сака да направи операција за промена на полот. Мајка и побарала да не го прави тоа додека е таа жива. Кога таа починала, нејзината ќерка направила хируршка интервенција… при што ја придружил  и бискупот. Тоа беше добар бискуп кој „губеше“ време за да го придружува овој човек. „Тој“ го смени својот идентитет. Откако стапи во прак брак, ме праша дали може да ме види со неговата сопруга. Јас ги примив. Тие беа среќни, раскажа папата

– Разбирате? Животот е живот. И работите мора да бидат прифатени какби што се. Гревот е грев. Трендовите или хормоналното нарушување создаваат толку многу проблеми и мораме да бидеме внимателни. Но, ние мора да го подружиме секој случај, да ги идентификуваме и да ги интегрираме. Тоа е она што Исус би го сторил денес. Но, ве молам, не велете „папата ќе ги благослови транссексуалците!“ Ве молам, не! Тоа е морален проблем, тоа е проблем на човекот и тоа мора да се реши, како што можеме, секогаш со милоста Божја, со вистината и секогаш со отворено срце, порача понтифот.

Гворејќи за хомосексуалците папата рече дека во неговиот живот стренал луѓе со хомосексуални склоности и со хомосексуални практики.

– Со некои пристапивме кон Бога, но некои не можеа. Јас никогаш не ги напуштив. Луѓето мора да биде поддржани како што ги поддржуваше Исус. Кога едно лице е во оваа состојба и пристигнува пред Исус, Исус нема да се повлече и да каже „Бегај бидејќи ти си хомосексуалец“, рече папата.

Тој на крајот објасни и зошто се согласил за почетокот на процесот на беатификација на отецот Хамел, кој беше убиен од терористите во цркавата во Нормандија, да не се чека период од пет години како што бара канонот:

– Намерата е да се направат потребните истражувања и да видиме дали се исполнети причини за беатификацијата. Ние мора да бараме сведоштво за отворање на процесот. Не треба да ги изгубиме. Ова е многу важно, бидејќи доказите се свежи. Тоа е она што луѓето го доживеале. Со текот на времето еден умира, другиот не се сеќава, порала папата.

Најчитани вести