Папата ќе ги канонизира двете овчарчиња од Фатима на кои им се јавила Богородица

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск во петок ќе допатува во португалското место Фатима за свети да ги прогласи двете овчарчиња на коишто таму пред стотина години им се јвила Богородица, според преданието.

Околу 400.000 верници од целиот свет ќе го дочекаат папата Франциск во петокот попладне на големото плато пред базиликата Богородица Фатимска. Канонизацијата на двете мали овчарчиња кои ја виделе Богородица ќе биде извршена во сабота.

Во градот со околу 12.000 жители ќе пристигнат и 2.000 новинари, 2.000 свештеници, 71 бискуп и осум кардинали, како и 350 тешко болни лица кои се надеваат на чудесно оздравување. Венаш по доаѓањето папата ќе се упати во капелата на укажанието, подигнато на полјаната пред пештерата Кова да Ириа, местото на коешто според верувањето Богородица првпат се прикажала на 13 мај 1917 година.

Според преданијата женски глас го распарал небото и им открил дека на таа и таа дата и во тој и тој час Богородица ќе им се јавува и ќе им кажува важни работи.

Трите сиромашни одвај писмени овчарчиња, братот и сестрата – седумгодишната Жасинта и деветгодишниот Франсиско, и нивната братучетка десетгодишната Лусија Сантуш, споменатата година од 13 мај до 13 октомври вкупно шест пати ја виделе Богородица.

Таа со нив споделеила три тајни пророштва за XX век. Според подоцнежните интерпретации на Лусија, првата тајна се однесувала на визијата на пеколот, а втората зборувала за Втората светска војна и за подемот на комунистичка Русија.

Третата тајна Лусија со децении ја држела за себе, а Ватикан официјално ја објави во 2000 година и била, како што се верува, претскажување на атентатот над папата Јован Павле Втори и на прогонот на христијаните во XX.

Во сабота, на стогодишнината од првото прикажување, папата ќе ги канонизира Јакинта и Франциско, на коишто им се припишани и две чуда.

Разговорите за прикажувањата и чудата надвор од оние опишани во Стариот и Новиот завет не се догми во кои католичките верници мора да веруваат. Меѓутоа, католичката црква е отворена за популарните верувања, обликот на молитва и чествување вдахновено со култирата на вернциите и нивните искуства, а не од службената црковна наука.

Ватикан, на пример, уште не ги признава прикажувања на Богородица на хрватско Меѓугорје, кои наводно започнале во 1981 година, но неодамна таму беше испратен специјален претставник за да ги испита потрребите на милионите аџии кои го посетуваат ова место.

Прикажувањата од Фатима, меѓутоа, католичката црква ги има признаено уште во 1930 година. И таму на аџилак не одат само обичните верници, туку и папите. Франциск ќе биде четвртиот папа кој ќе ја посети Фатима во послените половина век. Првиот бил Павле Шести, на педесетгодишнината од прикажувањето 1967 година.

Најпосветениот, без никакво сомневање, бил папата Јован Павле Втори. Португалското светилиште го посетил трипата, а Пресвета Богородица Фатимска ја сметал заслужна за тоа што за малку го избегна обидот за атентат на 13 мај 1981 година, точно на 64-годишнината од претставувањето на Богородица во Португалија. Куршумот изваден од неговото тело го подари на фатимското светилиште.

Папата Франциск, ист така, има слух за народните верувања и тој е меѓу оние поглавари кои често се двужат меѓу обичните луѓе, спротивно од оние од „професорски тип“, како на пример неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти. Франциск, инаку, ја посетил Фатима во 2010 година.

Папата Јован Павле Втори ги беатификуваше Жасинта и Франсиско пред 17 години. Двете деца инаку починале во епидемијата на ткн „шпански грип“ во 1919 и 1920 година. Лусија почина во 2005 година, во 97-та година од животот. Постапката за нејзина беатификација е во тек.

Фатима, со седум милиони посетители годишно, е третото најпосетувано ткн маријанско светилиште во светот, после Гвадалупе во Мексико, коешто го посетуваат 20 милиони луѓе годишно, Апаресиде во Бразил со 12 милиони посетители. Францускиот град Лурд годишно го посетуваат шест милиони луѓе.

Во Фатима има 43 хотели, а нивните сопственици не се срамат значително да ги зголемат цените за сместување во текот на доаѓањата на папите, забележуваат медиумите.

 

https://www.youtube.com/watch?v=zn3UtNAEu8M