Балкан

Папата ќе ја посети Албанија

Папата ќе ја посети Албанија

Папата Франциско, по редовната неделна пладневна молитва на плоштадот Свети Петар во Рим, најави дека на 21-ви септември ќе отпатува во еднодневна посета на Тирана на повик на бискупот на Албанија, пренесува Макфакс.

Тој рекол дека со задоволство го прифаќа повикот „затоа што сака да ја зајакне и охрабри црквата која во изминатиот период морала да страда како последица на некои претходни идеологии”, пренесува Ватиканската информативна агенција.

Од Ватикан потсетуваат дека папата Јован Павле Втори ја посети Албанија во април, 1992 година.

Од три милиони жители на Албанија, муслиманите го сочинуваат мнозинството, додека од 475,629 христијани вкупно 280,921 се католици.

Верските заедници не ги признаваат резултатите од последниот попис на населението во 2013 година во врска со прашањето за верската припадност.