Папата одржа средба со млади девојки кои имаат намера да склучат брак

Папата Франциско на 14 февруари одржа средба на плоштадот Свети Петар со млади девојки кои имаат намера да склучат брак, објавија „ИТАР-ТАСС“.

Средбата е одржана под мотото „Секогаш радосно ’Да’“.

Во својот говор папата Франциско ги благослови младите луѓе и ги повика на трпение и благоразположеност во семејниот живот. Тој ја истакна потребата да се простува и да се прават отстапки .

„Не постојат идеални мажи и жени, а уште помалку свекрви“, се пошегувал папата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.